Уапсен внукот на познатиот хрватски режисер Врдољак поради обид за убиство

Фото: Илустрација

Хрватската полиција го уапси Матија Врдољак (26), внук на познатиот хрватски режисер Антун Врдољак, под сомнение дека се обидел да го убие 21-годишниот со нож, јавуваат регионалните медиуми.

Врдољак е приведен откако граѓаните го препознале на видео снимките објавени од полицијата и врз основа на одлуката на Окружниот суд во Загреб одреден му е притвор од 30 дена поради ризик од повторување на делото и влијание врз сведоци.

Полицијата по двонеделна истрага објави фотографија од Матија Врдољак како личност која сака да го испраша во врска со конфликтот кој резултираше со обид за убиство, а потоа се јавија граѓани кои на фотографијата го препознаа внукот на режисерот.

Матија Врдољак завршил во Реметинец поради настан што се случил на 9 декември 2023 година во 4.30 часот на улица во Загреб.

Неколку лица прво вербално, а потоа и физички се пресметале. При тој конфликт постои сомнеж дека Матија Врдољак со нож му нанел убодна рана на 21-годишно момче кое завршило во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот