Уапсен сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро

Масиммо Фереро се сомничи за пријавување лажен банкрот/ фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Сопственикот и претседател на Сампдорија, Масимо Фереро денеска е уапсен од страна на финансиската полиција во рамки на истрага за корпоративен криминал и банкрот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека наводно Фереро е префрен во затвор, додека за уште пет лица е одреден домашен притвор. Исто така се наведува дека Сампдорија не е вклучена во истрагата на финансиската полиција.

Имено, Фереро објавил лажен банкрот на своите фирми за да добие даночно олеснување и финансиска помош од државата.

Изминатава година се шпекулираше дека Фереро наводно е под истрага поради трансферот од 2015 година на Педро Обијанг во Вест Хем  за 6.5 милиони евра. Тој се сомничеше за измама и перење пари, но подоцна беше ослободен од ова обвинение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот