ФОТО: Уапсен скопски дилер, при претрес во станот во Влае пронајдена и дрогата

Пронајдена дрога при претресот во стан во Влае/Фото: МВР

При претрес во стан на Љ.Г. (22) во скопската населба Влае вчера се пронајдени две поголеми пакувања со околу 350 грама амфетамин, дигитална вага, половина килограм марихуана, 333 парчиња екстази и предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога, информира Министерството за внатрешни работи.

Претходно Љ.Г. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица и до надлежното обвинителство ОЈО Скопје против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ, а во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Пронајдената дрога во стан во Влае/Фото: МВР

Според добиените информации, пронајдената дрога требало да биде продадена и дистрибуирана на други дилери и уживатели  за новогодишната ноќ, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот