Уапсен маж кој планирал бомбашки напад во Њујорк! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Во Њујорк бил уапсен маж под сомнение дека наводно планирал да набави гранати и да ги активира на Тајмс сквер.

Тој бил уапсел вчера попладне, пренесуваат медиумите ширум светот.

Денеска се очекува да се појави во судот во Бруклин, но не е позната содржината на обвинението.

Според информациите, полицијата и федералните власти откриле дека тој се распрашувал за купување на гранати и планирал да ги употреби на Тајмс сквер, една од најпосетените дестинации во САД, пренесува Њујорк Дејли Њуз.

Американските власти не веруваат дека осомничениот е поврзан со некоја поширока организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот