Уапсен Матијас Погба поради уцена на својот брат Пол

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Братот на фудбалерот на Јувентус и на француската репрезентација Пол Погба, Матијас заедно со уште четворица соучесници се во притвор порад криминално здружување и изнуда на пари.

Жртва на Матијас и на соучесниците е токму Пол Погба.

Ќе поднесеме жалба на оваа одлука. Мојот клиент нема врска со криминална организација, не ја разбираме одлуката донесена од судот да го држи во притвор, посебно што тој има алиби за вечерта кога се случило наводното киднапирање – изјави адвокатот на Матиас Погба.

Според истрагата, на 20 март годинава четворицата обвинети упаднале во станот на Матијас Погба во Париз, го држеле како заложник и барале пари од неговиот брат, кој во тој момент се наоѓал во Торино, за да го ослободат Матијас.


Погна на киднаперите им исплатил 100.000 евра, за да го ослободат Матијас. Но, истрагата на француската полиција покажа дека всушност Матијас е лидерот на криминалната група негова била идејата да биде киднапиран за да изнуди пари од Пол Погба.

Француските медиуми пишуваат дека Матијас Погба на полицијата и признал дека го измамил својот брат за да изнуди пари од него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот