Пепел од РЕК над Битола / Фото: Принтскрин - Телма
Пепел од РЕК над Битола / Фото: Принтскрин - Телма

Уапсен главниот добитник на тендери од ЕСМ, Марковски

Во акција на Финансиската полиција уапсен е Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“ од Битола, која ги добива најголемите тендери од ЕСМ и РЕК Битола и конзул на Белорусија во Македонија, потврдуваат од извори од Финансиската полиција за „Слободен печат“.

Според првичните информации тој и уште неколку лица се сомничат за местење тендер од околу 100 милиони денари или 1,6 милиони евра од државниот буџет.

Од АД ЕСМ вчера преку соопштение ја информираа јавноста дека ниту еден член од тековното раководство на РЕК „Битола“ не е приведен, ниту е инволвиран во тековната постапка.

– Приведените лица се дел од поранешното раководство на РЕК „Битола“, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата. Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба – велат од АД ЕСМ.

Фирмата редовно, во изминативе десетина години добива[e работа од „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) и подружницата „Рударско енергетскиот комбинат – Битола“ (РЕК – Битола) , а фирмите подизведувачи го поврзуваат со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот