У20: Младите фудбалери на Уругвај се светски шампиони

фото: EPA-EFE/DEMIAN ALDAY ESTEVEZ

Уругвајската фудбалска репрезентација до 20 години за првпат во историјата ја освои титулата светски шампион, откако во финалето одиграно во Ла Плата, Аргентина, ја совлада Италија со резултат 1:0.

Младите Уругвајци беа подобри во текот на целиот финален натпревар кој беше решен во 86 минута.

После изведен корнер имаше мешаница пред голот на Италија, а најдобро се снајде Родригез кој со глава ја упат топката во противничката мрежа.

Третото место го освоија младите фудбалери на Израел кои со 3:1 ги совладаа врсниците од Јужна Кореја.

Уругвајците пред овој шампионат играа во финалето на светските првенства во оваа категорија и загубија во 1997 и 2013 година. Италија до 20 години за првпат во историјата играше финале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот