Турканица во ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за шеф на државата

Христијан Мицкоски

Дваесет и две имиња се искристализирани досега од многуте кои покажале интерес да бидат претседателски кандидати поддржани од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори за шеф на државата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и рече дека партиската конвенција за избор на претседателски кандидат ќе се одржи кон крајот на јануари или во почетокот на февруари.

-Инаку неофицијално ние мериме многу имиња, многумина изразија желба да бидат поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, да бидат кандидати за претседател на Македонија. Околу 22 имиња се искристализираа. Тоа го правиме неколку месеци, списокот ќе биде намален и очекуваме да имаме јасна претстава кој кандидат ќе биде идниот претседател на Македонија бидејќи јас сум убеден дека претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, наспроти кандидатот на СДСМ, во првиот круг ќе има најмалку 100.000 гласа преднос. И тука кај мене постои една загриженост за демотивација кај СДСМ и кај нивните коалициски партнери кои се дел од албанскиот блок и се плашам дека тоа може да не воведе во една уставна и политичка криза и затоа апелирм за лидерска средба – рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот