-5 C
Скопје

Турција воведува полициски час и целосно „заклучување” за викенд

Турската Влада од утре воведува полициски час од 21 до 5 часот во работните денови, и целосно „заклучување” за време на викенд, односно од 21 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека мерката се носи со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Новите построги антиепидемиски мерки стапуваат во сила утре, а ослободени ќе бидат само некои сектори како што се снабдување и производство.

Осми ден по ред, во Турција се регистрира рекорден дневен број на смртни случаи од коронавирусот.

Во последните 24 часа, според податоците на Министерството за здравство, починале 188 лица, а потврдени се 31.219 нови случаи, што е исто така највисоко за еден ден од почетокот на епидемијата.

Прочитајте и...  Во Данска пријавен првиот случај на новиот вид на коронавирус од Јужна Африка

Извор.МИА

Поврзани вести

Си-Ен-Ен: Бајден на првиот работен ден ќе смени серија лоши или неостварливи одлуки на администрацијата на Трамп

МИА Агенција

Шпанската крајбрежна стража кај Канарските острови спасила 34 мигранти, едно дете настрадало

МИА Агенција

Минусни температури во цела држава, на Попова Шапка -16 степени

МИА Агенција

За последните шест недели во светот од ковид-19 умреле половина милион луѓе

МИА Агенција

Железничкиот транспорт лани со загуби од 512 милиони денари и двојно помалку патници

МИА Агенција

Акцискиот план во фокусот на разговорите со Софија, ќе се споделат информации и со пратениците

МИА Агенција

Остави Коментар