Турција го тестира првиот електричен воз од сопствено производство

Во фабриката Тувасас се тестираат вагоните и композицијата, од каде додаваат дека целото производство е од домашни ресурси.

Министерот за индустрија и технологија на Турција, Мустафа Варанк изјави дека денеска почнало фабричкото тестирање на електричен воз од домашно производство кој до крајот на годината би требало да биде ставен во употреба.

Во фабриката Тувасас се тестираат вагоните и композицијата, од каде додаваат дека целото производство е од домашни ресурси.

Според ресорниот министер станува збор за историски настан во подвизите на турската индустрија која, како што вели, бележи големи успеси во развојот на националните ресурси.

– И покрај пандемијата од Ковид – 19, вредните работници во мај го поставија на шини турскиот електричен воз кој денеска ги почнува фабричките тестирања, а веќе во август ќе почне тестирањето на железницата. Производството на електричниот воз е гордост во секој поглед, истакна Варанк.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот