Турчин баран за перење пари во Германија е уапсен на скопскиот аеродром

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Турски државјанин, кој бил баран преку Интерпол за случај со перење пари во Германија, е приведен на скопскиот аеродром, соопшти МВР.

„Денеска (18.02.2022) на Граничниот премин „Аеродром Скопје” на влез во Република Северна Македонија лишен од слобода е Е.А. од Турција, кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Германија за случај на перење пари, за кој е предвидена казна затвор до 10 години“, соопшти полицијата.

Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со Јавното обвинителство презема мерки и активности за понатамошна постапка, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот