Трудо нареди истрага за наводното мешање на Кина во канадските избори

Џастин Трудо/ Фото EPA-EFE/ODD ANDERSEN / POOL

Канадскиот премиер Џастин Трудо повика на истрага за странско мешање во изборите во неговата земја, најавувајќи дека ќе назначи специјален истражител кој ќе го испита наводното кинеско мешање во канадските избори.

Трудо се најде под притисок да дејствува откако канадските медиуми, повикувајќи се на анонимни разузнавачки извори, објавија наводи за кинеско мешање во изборите во Канада во 2021 и 2019 година.

„Глоуб и мејл“ минатиот месец објавија дека Кина ги фаворизира либералите на Трудо и сака да ги види повторно избрани на изборите во 2021 година и дека работи на поразување на конзервативните политичари кои се сметаат за непријателски настроени кон Пекинг. Опозициските партии бараат целосна јавна истрага.

„Денес преземаме уште дополнителни чекори за заштита на нашите демократски институции, одбрана на нивниот интегритет и поддршка и зајакнување на довербата во нашата демократија. Секогаш ќе ги сфаќаме многу сериозно странските обиди да ја поткопаме нашата демократија“, изјави Трудо во соопштение.

Тој рече дека побарал од претставниците на парламентарната комисија за национална безбедност да покренат истрага за „проценка на состојбата на странско мешање“ во изборниот процес во земјата.

Националната агенција за безбедност и разузнавање на Канада, исто така, ќе го истражи случајот и ќе го извести за своите наоди Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот