Трудо: Блокадите завршија, но заканите остануваат

Џастин Трудо/ Фото EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ја бранеше употребата на итни овластувања за ставање крај на повеќенеделните протести на возачите на камиони против рестриктивните мерки, пишува Ројтерс.

Тој потенцираше дека иако блокадите се укинати, опасните закани во земјата остануваат.

– Оваа вонредна состојба не е завршена, рече Трудо во своето прво појавување пред новинарите откако властите ги прекинаа протестите за време на викендот, кои премиерот ги нарече „опасни и незаконски” и кои го запреа сообраќајот во Отава и ги блокираа граничните премини со САД.

– Сè уште постои вистинска загриженост за наредните денови, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот