Трудница болна од ковид и приклучена на респиратор се породи со царски рез во Сплит

Медицински лица во ковид-болница во Хрватска/илустрација / Фото: ЕПА/ЕФЕ

Несекојдневен случај е забележан на Клиниката за инфектологија во Сплит, кога млада трудница која се лекува на ковид-одделот и е приклучена на респиратор, била предвремено породена со царски рез, јавуваат медиумите.

Началникот на клиниката, д-р Иво Ивиќ, примерот со трудницата го искористи за да го илустрира сѐ поголемото ширење на коронавирусот меѓу младите во вториот по големина хрватски град.

„Минатата ноќ имавме бремена жена која е ставена на респиратор, а породувањето е завршено со царски рез, предвремено,“ изјави д-р Ивиќ за Н1.

„Децата ја носат дома болеста, им ја носат на младите мајки, на хроничните пациенти, на своите дедовци и баби. Со ова ниво на вакцинирано население, ние можеме само да очекуваме дека ќе биде лошо“, рече тој, предупредувајќи дека е можна експлозија на тешки случаи на ковид-19 кај младите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот