Тројца загинати во руски напад врз градот Константиновка во источна Украина

Фото: МИА

Три лица загинаа, а уште најмалку две се повредени откако руските сили нападнаа станбена област во градот Константиновка во источна Украина, објави на Телеграм гувернерот на регионот Доњецк, Павло Кириленко.

Кириленко наведе дека се оштетени четири станбени згради и еден хотел. „Спасувачките екипи и полициските службеници се на местото на настанот за внимателно документирање на уште едно злосторство на руските окупатори”, додаде тој.

Претходно денеска Кириленко објави дека четири лица загинале, а најмалку седум се ранети од руското гранатирање во последните 24 часа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата на фронтот и понатаму е „исклучително тешка”, особено во источниот регион Доњецк, каде Русија ја засилува својата офанзива како дел од нејзината целосна инвазија која започна во февруари минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот