Тринаесет партии бараат исклучување на партијата на Виктор Орбан од Европските Народни партии

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Барањето на овие тринаесет партии ќе му овозможи на Доналд Туск да започне постапка за исклучување.

Тринаесет партии членки на Европската народна партија, најголемото политичко семејство во ЕУ, денеска повикаа на исклучување на Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, јави дописникот на МИА.

Во писмото упатено до претседателот на ЕНП, Доналд Туск се вели:

-Бараме исклучување на„ Фидес” од ЕНП (…) Случувањата го потврдија нашето убедување дека Фидес со своите сегашни политики не може целосно да има корист од членството во ЕНП, пишуваат потписниците на ова писмо.

Меѓу потписниците се претседателите на 13 од 82-те партии членки на ЕНП. Сепак, ниту една од најголемите политички партии, особено германската ЦДУ и Шпанската народна партија, не се приклучија на ова барање.

Барањето на овие тринаесет партии ќе му овозможи на Доналд Туск да започне постапка за исклучување. Ова ќе биде трет пат да се разговара за вакво барање во врска со партијата на Виктор Орбан. Претходните обиди пропаднаа затоа што неговите сојузници во ЕНП, особено ЦДУ, одбија да гласаат за исклучување.

Инаку Фидес е суспендирана од ЕНП од март 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот