Три прашања за Викторија Лоба за нејзиното искуство со липосукциска исхрана: „Липо“ е за кој сака да ја достигне посакуваната тежина и да блеска од енергија

Фото: Промо

Липо протоколот, со вклучени Липо протеини и аминокиселини, го применував 14 дена и уште 14 дена бев на липосукциска предодредена исхрана. Од 57 килограми во првите две недели изгубив 4 килограми, дојдов на 53 килограми и слабеењето продолжи и во следните две недели, открива Викторија Лоба.

Зошто липосукциска исхрана?

– После мојата 30-та година метаболизмот не е ист како на моите 20 години. Tоа не е ништо страшно, но јас сум перфекционист и добро знам како сум изгледала претходно. Секако морав да направам некој напор да се вратам на претходните посакувани резултати зашто подуен стомак и плус пет килограми за мене не е прифатливо. Навистина има многу различни диети кои се нудат моментално, но она што јас го барав беа конкретни резултати во тесен временски период зашто навистина немам време да чекам 3-4 месеци за добри резултати, и воопшто, по темперамент сум нетрпелива. „Липо“ ми го понуди токму тој пакет.

Како протоколот делуваше на твоето здравје и енергија?

– Во првите 4-5 дена, организмот се прилагодува да функционира на нов начин и тоа е таа фаза кога сите напори одат да се оддржи дисциплината, после петтиот ден сè е многу лесно и едноставно. Веќе втората недела од протоколот имав доволно енергија да го качувам Водно и се чувствував далеку поенергичено отколку пред да започнам со Липо. Тоа се одразува секако и на мојата работа, имам многу енергија, се чувствувам лесно и самоуверено. Денес, липосукциската исхрана стана мој стил на живеење, сега точно знам што ми создаваше проблеми со тежината и се манифестираше преку пад на енергијата и наталожени масти. Мојата крвна слика сега е одлична, претходно бев слабокрвна и се обидував преку одредени витамини да го подобрам тоа, но сега сè е многу поедноставно, односно, со оваа исхрана успеав да го решам и тој проблем. Навистина, многу сум благодарна на Липо Центарот и д-р Крстеска.

Зошто и кому би ја препорачала липосукциската исхрана?

– Од срце ќе кажам, буквално на сите! Секој кој чувствува дека треба да направи детокс на својот организам, а не само да се ослободи од вишокот килограми. Секој кој сака да има стабилна посакувана тежина и многу енергија. Липосукциска исхрана е здрав начин да го моделираш своето тело и на својот организам да му создадеш здрави навики.

Закажете и вие бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот, (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Ј.К.Д

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот