Три лица загинаа во пожар во болница во Русија

Три лица го загубија животот во пожар што избувна во болница во рускиот регион Татарстан, јави денеска руската агенција ТАСС.

Уште три лица се повредени во пожарот, кој изби во текот на ноќта во градот Зеленодолск, околу 650 километри источно од Москва, додека 88 пациенти и болнички персонал се евакуирани и се безбедни.

Според истражителите, пожарот избувнал во просторија во која имало четворица пациенти, а се верува дека причина за пожарот било краткок спој во струјата.

Пред две недели шест лица загинаа во пожар во болница во Санкт Петербург, а причина за пожарот беше дефект на респиратор.

Претходно на почетокот на мај, 11 лица ги загубија животите во пожар во болница во градот Красногорск, западно од Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот