Три лица каснати од бездомни кучиња во Скопје

Три лица пријавиле во полиција дека биле каснати од бездомни кучиња изминатото деноноќие.

Триесет и четиригодишна скопјанка пријавила дека била касната од бездомно куче на мостот Беласица.

„На 25.01.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Аеродром, С.К.(34) од Скопје пријавила дека на мостот Беласица била касната од куче скитник“.

Куче каснал дваесет и едногодишна девојка во скопското село Брњарци.

„На 25.01.2024 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.С.(21) од с.Брњарци, скопско, пријавила дека во селото била касната од куче скитник“.

Во Чаир, мета на бездомно куче бил малолетник.

„На 25.01.2024 во 17.15 часот во Полициската станица Чаир, Е.К.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓоре Ѓоревски“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник“, информираат од МВР.

ФОТО: Уличните кучиња како туристички водичи низ Скопје, Драчево со најмногу пријави за каснувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот