градинка Бамби во Чаир / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Три градинки и едно училиште добиле казни за нехигиенски услови во кујните

Агенцијата за храна и ветеринарство извршила серија инспекции во образовните институции во цела држава од почетокот на учебната година, при што три градинки и едно училиште добиле казни.

Според објавените информации, контролирани биле кујните на 91 градинка и 23 училишта при што било утврдено дека кај 9 градинки хигиената не била на задоволително ниво, а во една од нив персоналот немал соодветен лекарски преглед.

Кај училиштата, проблеми, главно со хигиената биле констатирани во пет кујни при што едно училиште било казнето, а донесени биле и пет решенија за отстранување на проблемите.

„Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за три градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.

Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна“, информираат од Агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот