Три бои кои ќе доминираат ова лето: Женствени, префинети и романтични! (ФОТО)

инстаграм

Иако боите се донекаде непроменета работа во модата, барем кога станува збор за класичните – бела, црна, беж и некои од базичните бои, сепак, секое лето не изненадува со некој нов тренд кој пласира боја помалку заборавена или присутна во претходните сезони.

Овој пат станува збор за три летни, женствени, нежни и софистицирани бои. Сигурна барем една од нив ќе ве освои.

Нежно пастелно жолта 

инстаграм

Нежно жолтата нијанса или како што некои ја нарекуваат – правилно жолта, е апсолутен хит оваа сезона. Нежната нијанса на оваа боја совршено изгледа на летните фустани, лелеави здолништа, но и мини шорцеви, лесни маици, па дури и тенки летни џемпери.

инстаграм

Покрај пастелно жолтата, која е најнежната нијанса на жолта боја, во предвид доаѓа и малку повпечатливата нијанса или лимон жолта боја. Овие нијанси одлично се комбинираат со светли нијанси, особено бела, па така се добива свеж префинет изглед. Доколку се одлучите за парче во ваква боја, сигурно нема да згршите, особено кога кожата малку ќе ви потемни од сонцето.

инстаграм

Да не заборавите, чантите во оваа нијанса се исто така апсолутен хит, како и аксесоарите во форма на венчиња, марами и слично.

Боја на лаванда

Оваа боја доаѓа малку неочекувано ова лето. Без разлика на тоа, се радуваме бидејќи нежните нијанси на лаванда изгледаат женствено, романтично, секси и многу го освежуваат комплетниот стајлинг, дури и само во еден детаљ.

инстаграм

Бојата на лаванда или јоргован најприсутна е на долгите плисирани здолништа, лелеави свилени фустани, блузи на бретели, но и останати парчиња гардероба.

инстаграм

Во тренд е најсветлата или пастелна нијанса на оваа боја – која е нежна и ненападна, но во предвид доаѓа и малце потемната или згасната нијанса, која може да се носи во вечерните комбинации со повпечатлива шминка.

Боја на мента

Оваа боја започна да се пробива уште минатата модна сезона, но оваа година е апсолутен хит. Свежата и блага пастелна нијанса со боја на ментол е една од најубавите и најпопуларните, а одлично се вклопува и со белиот стајлинг, како и со крем или црна боја.

инстаграм

Како и кај претходните две бои, ментол бојата е достапна кај многу модни предмети, но помалку ја има помеѓу аксесоарите – чанти, еспадрили, костим за капење.

Меѓутоа, не изостанува од фустаните, панталоните, блејзерите и здолништата.

инстаграм

Во кое парче и да се облечете – ментол бојата ќе го освежи вашиот стајлинг, ќе му даде доза на софистицираност, смелост и авангарда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот