Трговскиот дефицит на САД во јануари се зголеми на 67,4 милијарди долари

Долари/ Фото: МИА

Трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави во јануари порасна од декемвриските 64,2 милијарди долари, на 67,4 милијарди долари, објави денеска американското биро за економски анализи (БЕА) на својата веб-страница.

Вредноста на американскиот извоз на стоки и услуги се зголеми за 0,1 отсто на 257,2 милијарди долари во јануари, додека увозот порасна за 1,1 отсто на 324,6 милијарди долари.

Во јануари, американскиот извоз на немонетарно злато, патнички автомобили или потрошувачки и капитални добра се зголеми, додека американскиот увоз на компјутерска опрема, компјутери или полупроводници во исто време порасна.

Соединетите држави забележаа најголем дефицит во трговската размена со Кина, кој изнесува 22,9 милијарди долари, како и со Европската унија, 18,1 милијарди долари и Мексико, 12,7 милијарди долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот