Трговската војна го погоди американскиот извоз на виски

Извозниците на виски од САД забележаа пад во продажбата во втората половина од 2018 година, соочувајќи се со „ударот“ од повисоките давачки за увоз наметнати од трговските партнери на земјата како одговор на дејствијата на Доналд Трамп, кој прв ги зголеми тарифите за увоз на челик и алуминиум, соопштија претставниците во индустријата.

Канада, Кина, Мексико и Европската Унија воведоа царини за увоз на виски и бурбон од САД во износ од 10 до 25% повеќе од минатата година, што доведе до пад од 11 долари во извозот на виски во втората половина од минатата година, покажуваат податоците на „Distilled Spirits Council“.

Во првите 6 месеци од 2018 година, извозот на виски порасна за 28% во однос на истиот период од 2017 година, главно поради компании како производителот на „Jack Daniel`s“, „Brown-Forman Corp.“, кој го зголеми извозот главно во Европа, пред новите царини да стапат во сила.

За целата 2018 година, извозот на виски бележи раст од 5,1% до 1.18 милијарди долари, што е значителен пад во однос на зголемувањето од 16% во 2017 година.

Извозот во ЕУ опаѓа за 13.4% во втората половина од годината, откако скокна за 33% во текот на првите 6 месеци во споменатиот период.

Европската Унија, која воведе 25% давачки за увоз на американско виски е најголемиот пазар за алкохол, формирајќи околу 60% од извозот, според податоците на „Distilled Spirits Council“.

Претходно во март оваа година, „Brown-Forman“ изјави дека го поднесува товарот од новите давачки, поради што се зема предвид намалувањето на маргината за профит во третиот квартал.

Компанијата наведе дека нејзината продажба може да забележи значителен пад во 2019 година, ако царините останат на исто ниво.

Вкупниот извоз на алкохол во САД расте со 9,5% до 1,8 милијарди долари во 2018 година, што е забавување во темпото на раст во однос на 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот