Трет Меѓународен саем на пронајдоци, иновации и нови технологии „ИНОВАМАК 2019″

Во организација на Националната Асоцијација на иноватори на Македонија (NAIM), денеска во Скопје, ќе биде отворен Третиот Меѓународен саем на пронајдоци, иновации и нови технологии „ИНОВАМАК 2019″.

На тридневната саемска манифестација што ќе се одржува во Домот на АРМ – Скопје, учество ќе земат над 100 иноватори од повеќе од 20 држави, како и студенти од Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Помеѓу гостите на саемот се и генералниот директор на Светска Федерација на иноваторски асоцијации – IFIA, Хусеин Хујиќ, проф. д-р Зенгпеи Ксуан од Асоцијацијата на иноватори од Народна Република Кина, како и амбасадорот за СТЕМ образование и менаџер на работната мрежа за млади во IFIA, проф. Винфрид Штурм.

На прес-конференцијата по повод отворањето на саемот ќе се обрати потпретседателот на Националната асоцијација на иноватори Мирко Узелац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот