Трамп: Подготвен сум да соработувам и со диктатори, доколку тие инвестираат во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека е подготвен да разговара со сите, па дури и со диктатори, доколку тоа може да биде од корист за американската економија, јави Си Ен Би Си.

Во говор во Њујорк, Трамп ја пофали „здравата состојба на економијата”, како и својата способност да привлече странски инвестиции.

– Сите се враќаат во САД. Многу е едноставно – сакаат да бидат онаму каде сè се случува. Се среќавам со лидери од целиот свет – со кралици, кралеви, премиери, претседатели и диктатори – рече американскиот претседател.

– Сите сакаат да дојдат. И диктаторите сакаат и тоа е во ред – се додека е добро за САД и додека тие инвестираат во нашата земја – истакна Трамп со насмевка, дополнувајќи дека често неговите соговорници му честитаат на економските резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот