Трамп пак се фали: Имаме голема победа во Невада

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска рече дека има „голема победа” во сојузната држава Невада, бидејќи членовите на комисијата во округот Кларк одбија да ги потврдат резултатите од изборите за окружната комисија.

Комисијата за округот Кларк, која управува со областа Лас Вегас, ги потврди резултатите од изборите на 3 ноември, освен окружниот комесар за една област, каде што разликата е 10 гласа, односно каде демократот Рос Милер доби 76.456 гласа, а републиканецот Ставрос Ентони 76.576. гласови, појаснува Њујорк пост.

Официјалниот претставник во изборниот процес во округот Кларк, Џо Глорија рече дека се откриени неразбирливи несогласувања, што може да предизвика сомневање за толку мала разлика во гласовите.

Трамп на Твитер напиша дека претставниците на округот Кларк не веруваат во сопствената изборна безбедност.

„Големо влијание”, порача Трамп.

Тој претходно објави дека во Пенсилванија стапката на отфрлени гласачки ливчиња пристигнати по пошта е 30 пати помала оваа година отколку на изборите во 2016 година.

„Затоа ги држеа нашите набљудувачи подалеку од „светите” соби за пребројување на гласовите”, напиша Трамп.

Тој додаде дека и Џорџија не дозволува проверка на автентичноста на потписите на пликоата.

„Без тоа, пребројувањето е бесмислено”, порача Трамп. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот