Трамп одржа митинг во затворен простор и покрај препораките: Ако победи Бајден, мафијата победува

epa08660297 United States President Donald J. Trump sapeakls during a campaign rally at MBS International Airport in Freeland, Michigan, USA, 10 September 2020. EPA-EFE/RENA LAVERTY

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата во Невада одржа собир во затворен простор и покрај тоа што здравствените експерти предупредија поради големите собири во затворени простори во текот на пандемијата од коронавирус.

Републиканецот Трамп го критикуваше својот демократски ривал, поранешниот потпретседател Џо Бајден, велејќи дека зема дрога и дека е премногу благ кон криминалот.

„Бајден сака да ги смири домашните терористи, а мојот план е да се уапсат домашните терористи“; рече Трамп пред толпата.

„Ако победи Бајден, мафијата победува“.

Луѓето седеле еден до друг, а многумина не носеле маски.

Бајден го критикуваше Трамп поради одржувањето на митинзи во кампањата кои луѓето ги доведуваат во ризик од зараза од коронавирус, од кој во САД починаа над 194 илјади луѓе.

Трамп ја релативизираше сериозноста на вирусот во раните фази и алтернативно ги прифаќаше и ги занемаруваше советите на експертите од јавното здравство, кои советуваа носење маски и одржување на социјална дистанца за да се спречи ширењето на вирусот.

Претседателската кампања го претстави собирот во големото складиште во Хендерсон како можност на своите поддржувачи мирно да се соберат под првиот амандман од Уставот на САД.

„Ако можете да им се приклучите на десетиците илјади луѓе кои протестираат на улиците, се коцкаат во казината или палат на протестите помали дуќани, можете мирно да се соберете под првиот амандман за да го слушнете претседателот на САД“, рече портпаролот Тим Муртаг.

На учесниците на собирот им е мерена температура пред влезот и добиле маски, соопштија од кампањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот