Трамп: Од терорист, демократите се обидуваат Сулејмани да направат прекрасен човек

Profimedia

Пелоси покрена, а Конгресот донесе Резолуција со која му ги скрати воените сили на Трамп во однос на Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека демократите се благонаклонети кон иранските власти.

На социјалната мрежа Твитер постави слика на која се гледаат лидерите на демократите. Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси носи карактеристична муслиманска облека која ја покрива косата. Претседателот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, пак, носи турбан кој потсетува на оној кој го носи иранскиот претседател Хасан Рохани.

 

Пелоси покрена, а Конгресот донесе Резолуција со која му ги скрати воените сили на Трамп во однос на Иран. Без дозвола од Конгресот сега Трамп не смее да преземе воени акции против Иран, а доколку сака да испрати трупи Претставничкиот дом ќе мора да изгласа „војна“ со најголемата држава на Персискиот залив. Пелоси беше и еден од најголемите критичари на американскиот атентат врз иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад. Пелоси важи и за една од личностите кои го „туркаат“ импичментот за Трамп.

-Демократите и медиумите со лажни вести се обидуваат од терористот Сулејмани да направат прекрасен човек, само поради тоа што јас го напраив тоа што требаше да се направи пред 20 години. Се што правам, без разлика дали е на економски или воен план ќе биде мета на критика на радикалната левица, демократите не прават ништо, напиша Трамп.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот