Трамп нема да го помилува ексгувернерот Благојевиќ

Фото: EPA / Mike Theiler

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да го скрати затворскиот рок на Род Благојевиќ. поранешени гувернер на Илиноис, откако се соочи со поплаки од неколку демократски и републикански конгресмени од оваа сојузна држава.

Според „Си-Ен-Ен” конгресмените се обратиле до шефот на Кабинетот на Трамп Мик Малвејни, и советникот Пат Ципалоне, додека републикански членови на Конгресот од Илиноис објавија заедничка изјава.

Според нив, за време на своето гувернерство Благојевиќ направил сериозни криминални дела. Тие го повикаа Трамп да не го помилува „бидејќи тоа ќе прати погрешна порака до гласачите за корупцијата кај јавните функционери”.

Трамп бил информиран дека Благојевиќ досега не се покајал за своите злодела.

– Посакував да ја знам позадината на ова претходно – изјавил наводно Трамп во разговор со конгресмено Мајкл Бост.

Еден од најважните криминали на Благојевиќ беше обидот за продажба на сенатската фотеља на поранешниот претседател Барак Обама, откако тој замина од Сенатот и стана претседател. Друго криминално дело е заканата дека ќе блокира милиони долари за изградба на детска болница ако раководителот на тој проект не напише чек за негова кампања во висина од 25 илјади долари.

Благојевиќ одлежува 14-годишна затворска казна.

Трамп минатата недела за време на патување во претседателскиот авион изјави дека седум години затвор од 14 биле доволни за поранешниот гувернер. Според официјално лице во Администрацијата, Белата Куќа го подготвувала помилувањето на Благојевиќ неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот