Трамп нареди зголемување на санкциите кон Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на иранската влада ќе и бидат воведени нови „значајни” санкции. Тоа е прв одговор на Вашингтон за нападите врз рафинериите за нафта во Саудиска Арабија, за кои кабинетот на претседателот го обвинува Техеран.

„Само што му наложив на министерот за економија значително да ги зголеми санкциите кон државата Иран“, објави Трамп на Твитер.

Соединетите држави веќе имаат воведено широки санкции за Техеран, што предизвикуваат сериозни штети на економијата на Блискиот исток, вклучително и оние кои имаат за цел извоз на нафта во Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот