Трамп ги предупреди демонстрантите: Соберете се пред Белата Куќа, но ќе ве пречекаат најжестоките кучиња

Трамп објави серија твитови со кои се чини дека ги повика демонстрантите вечерва да се соберат пред Белата куќа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека демонстрантите кои протестираат против смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, за време на полициското апсење, може да бидат пречекани со „најжестоките кучиња и најопасното оружје што го видел досега“, доколку пробијат низ оградата на Белата Куќа.

Трамп објави серија твитови со кои се чини дека ги повика демнострантите вечерва да се соберат пред Белата Куќа.

– Разбирам дека вечерва е МАГА вечер во Белата куќа – напиша Трамп, пренесе Ројтерс, објаснувајќи дека МАГА го претставува слоганот „Make America Great Again“.

За време на протестот во Минеаполис за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако полицаец со колено го пристискаше на вратотот повеќе од пет минути, Белата куќа беше кратко блокирана, опкружена со демонстранти, ситуацијата беше на раб на конфликт, но припадниците на полицијата се заканија со солзавец.

Протестите избувнаа ширум САД, а покрај првичните демонстрации на гневните граѓани во Минеаполис, Минесота, каде Националната гарда беше распоредена во петокот и воведена привремена вонредна состојба со полициски час, илјадници лица излегоа на улиците во Чикаго, Детроит, Лос Анџелес и Вашингтон, Атланта, Денвер, Мемфис, Њујорк …

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот