Трамп: Германија е наш највреден сојузник – Слободен печат
ВестиПланета

Трамп: Германија е наш највреден сојузник

Американскиот претседател денеска и оддаде признане на Германија.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска и оддаде признане на Германија, нагласувајќи дека таа е една од „највредните сојузници” на САД.

– Студената војна одамна заврши, но тиранските режими во светот продолжуваат да користат тоталитаристички тактики на угнетување од советски тип и тоа фрла трајна сенка врз историјата, пишува во соопштението на Белата куќа по повод 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Трамп додаде дека САД ќе продолжат да соработуваат со Германија за да може „пламенот на слободата да гори како пламен на надеж и можност за целиот свет”.

Односите меѓу Вашингтон и Берлин се заладени од доаѓањето на Трамп за претседател на САД. Американскиот претседател редовно ја критикува германската канцеларка Ангела Меркел поради нејзината мигрантска политика, а Германија што како членка на НАТО не ги исполнува своите финансиски обврски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Исто прочитајте

Close
Close