Трамп до Американците: Кога ќе се вакцинирате, сетете се на мене, да не бев претседател, немаше да се вакцинирате

Доналд Трамп / 29 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/Morry Gash / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша својот план за обнова на економијата во САД во изнор од 1,900 милијарди долари на неколку часа пред очекуваниот говор за пандемијата и надежите во кампањата за вакцинација.

За време на пандемијата на ковид-19 во САД починаа, речиси, 530.000 лица, а згора на тоа, водечката светска економија лани назадуваше за 3,5 отсто што за САД е најлоша година од Втората светска војна.

Белата куќа најави дека сака да купи дополнителни 100 милиони дози од вакцината на „Џонсон&Џонсон“ со што би се дуплирале дозите што САД ги нарачаа од таа фармацевтска компанија.

Во видеото „Од вас зависи“, како дел од вакциналната кампања во САД, се вклучија и поранешните претседатели Барак Обама, Бил Клинтон, Џорџ Буш и Џими Картер кои јавно ги повикаа Американците да се вакцинираат.

Но, за разлика од нив, сосема поинакво обраќање до јавноста имаше Доналд Трамп кој од својот клуб „Мар-а-Лаго“ на Флорида се огласи со поразличен тон.

– Се надевам дека сите Американци ќе се присетат, кога ќе ја примат вакцината против ковид-19, дека барем пет години немаше да ја добијат таа прекрасна инјекција ако не бев претседател, напиша Трамп во кратката порака.

– Се надевам дека сите ќе се сетат, повтори тој по поразот по истекот на првиот мандат, но не исклучи можност за повторно да се кандидра за претседател во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот