Трактор излета од пат, повреден е сопатник – Слободен печат
Хроника

Трактор излета од пат, повреден е сопатник

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Неготино.  

Вчера околу 9 часот на патот од Демир Капија до Петрово село, кај место викано „Светилник“, трактор „торпедо“ со приколка, управуван од Б.Л.(56) од Неготино, излетал од патот.

Во незгодата тешко е повреден А.В.(63) од Неготино, сопатник во земјоделската машина кој бил пренесен во неготинската болница. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Неготино.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close