Трајковска и Камчев со различни сеќавања за апсењето нa Бошкоски - Слободен печат
Хроника

Трајковска и Камчев со различни сеќавања за апсењето нa Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска изјави дека Камчев и најавил дека „нешто за еден час“, а тој пак изјави дека тој ден не разговарал со неа.

Дадов исказ кој требаше да потврди дека снимките се автентични. Од снимките што ги слушнав, можам да кажам дека немам ништо дополнително да кажам. За настанот немам што да додадам. Знам за настанот, на 6 јуни бев на работа. Тоа беше несреќен ден, да бидам во студио и да ги слушам резултатите. Телефонскиот повик го добив на работа. На Камчев му кажав дека сум прилично разочарана од настаните. Јордан ми кажа дека ќе се случи нешто за еден час. Ние во разговор имавме навика да го наречеме „пријателот“. Јас го викам „телефонистот“ и тоа сите го знаат. Тоа се однесува на Сашо Мијалков. Тој му кажал дека утре ќе се случи нешто. Ова на денешното рочиште за „Тортура“ новинарката Оливера Трајковска.

Орце Камчев пак за настанот на 6 јуни 2011 година рече:

– За Љубе Бошкоски познато ми е тоа што сите го видоа на ТВ, дека примил мито, преговарал за името и оти треба да биде уапсен. Разговарав дента по телефон, не е забрането да се збори за криминал. Не се сеќавам дека сум зборел со Оливера Трајковска тој ден – рече Камчев.

Денеска требаше да сведочи и поранешниот портпарол на МВР Иво Котевски, но според известувањата кои ги добил судот тој не бил пронајден на адресата која ја имаат добиено.

„Тортура“ на СЈО е процес кој се однесува за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година. За овој случај се обвинети Сашо Мијалков, екс шефот на „алфите”, Ивица Антевски – Пуки и петмина припадници на единицата. Обвинети се за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Немилиот настан се случи на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close