Трајановски: Брзиот автобуски превоз не треба да се реализира, ефектот е минимален и ќе доведе до проблеми

Фото: Фејсбук

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски преку својот фејсбук профил со реакција до актуелниот Шилеогв,  напиша дека проектот Брз Автобуски Транспорт не треба да се реализира.

,,Брз Автобуски Tранспорт или BRT е проект кој не треба да се реализира од повеќе аспекти. Ова автобуско метро, како што милува власта да го нарече, значи комплетна редефиниција на сообраќајот во Скопје кој се создаваше повеќе од 60 години, што по многу параметри е неизводливо, односно толку комплексно што бара многу години подготовка и е многу скапо. Ефектот е минимален и ќе доведе до проблеми далеку поголеми отколку што во моментов ги има Скопје а може да предизвика хаос. Но ова се случува кога набрзина смислувате лави при што ги заборавате основните постулати, а тоа е исплатливвостаа, ефектот и безбедноста на граѓаните и сета лага да ја вклопите во постоечката инфраструктура”, напиша Трајановски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот