Трагедија во Србија: Петчлено семејство настрада во страотна сообраќајка, бебе и 8-годишно дете загинаа на самото место

Српска полиција / Фото: ЕПА

Две деца загинаа во страотна сообраќајна несреќа која се случила ноќеска на патот Нови Карловци – Нов Сланкамен во Србија.

Како што се дознава, загинало девојче старо година дена и дете на возраст од 8 години, а уште тројца се повредени.

Мајката и таткото се здобиле со тешки повреди, а дете на возраст од 5 години е полесно повредено, објави Блиц.

Петчленото семејство се наоѓало во автомобил марка Рено Клио со регистарски таблички од градот Инџија кој се наоѓа во Војводина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот