Трагедија во Мајами: Се удави поранешен НФЛ играч

Фото: EPA/ERIK S. LESSER

Поранешниот НФЛ, квотербек, Рајан Малет го загуби животот на летниот одмор кој го поминуваше на Флорида.

Според првичните информации на медиумите во САД, Малет се удавил откако струјата го одвлекла предалеку од брегот, а реакцијата на спасувачите била задоцената.

Познатиот спортист имаше 35 години, наполни пред 20-тина дена. Спасувачите го извлекле неговото безживотно тело, а во прв момент не го препознале.

Во кариерата како играч, шест години беше дел од НФЛ и играше како квотербек, го носеше дресот на Њу Ингланд Патриотс, Хјустон Тексан и Балтимор Рејвенс. Во главно беше втор избор во тимовите, а најдобрата сезона ја одигра во 2015 година.

Неговите поранешни тимови веќе се простија од него преку социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот