Трагедија во Бразил: Се преврте автобус полн со млади фудбалери, загинаа четворица

Фото: Twitter

Фудбалскиот клуб Вила Мариа Хелена од Бразил го погоди страшна трагедија откако автобус полн со млади фудбалери на овој клуб се превртел во провалија од десетина метри.

Според информациите на бразилските медиуми, веќе се потврдени четири жртви, а 29 луѓе се повредени. Несреќата се случила на патот „BR-116“’на мостот над реката Анг.

Автобусот ги возел младите фудбалери до Дука де Касијас. Тројца од загинатите се млади, додека една е повозрасна личност. Телата се уште не се идентификувани, но познато е дека во моментот на несреќата во автобусот биле возачот, членовите на стручниот штаб и фудбалери на возраст од 14 до 17 години.

Младите фудбалери се враќале од турнир на кој о го освоиле првото место. Најголемите бразилски клубови испраќаа пораки на сочувство до семејствата на загинатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот