ТРАГЕДИЈА: Синот на легендарниот Кафу почина играјќи фудбал!

twitter.com/Deshan_mendez

Беше најстарото од трите деца на поранешниот капитен на бразилската репрезентација. Данило Фелисиано де Мораес почина од срцев удар во средата играјќи фудбал со пријателите во неговиот дом во Сао Паоло.

Му се слошил и паднал на теренот, веднаш бил префрлен во болница, но лекарите констатирале смрт.

Сао Паоло, бразилскиот клуб во кој Кафу (49) ја започна професионалната фудбалска кариера, брзо испрати порака како поддршка и сочувство до еден од своите најголеми играчи на сите времиња.

Се огласи и Палмеираш, вториот бразилски клуб во кој исто така Кафу своевремено настапуваше.

– Спортското друштво Палмеираш жали поради смртта на Данило, синот на Кафу, и изразува сочувство до светскиот шампион и неговото семејство – пишуваат од ФК Палмеираш.

Кафу во текот на славната кариера запиша 142 мечеви за репрезентацијата на Бразил и двапати беше светски шампион во 1994 и 2002 година. Исто така помогна во освојувањето на две титули од „Копа Америка“ и по се повлече како национална легенда која се смета за еден од најголемите бразилски играчи во историјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот