Тотенхем против Манчестер сити во четвртото коло на ФА купот

фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Во понеделник беше извршена ждрепката за четвртото коло од англискиот ФА Купот во кое ќе имаме две големи дербија.

Тотенхем ќе му гостува на Манчестер сити, а екипата на Челси ќе ја пречека Астон Вила. Во четвртото коло силите ќе ги одмерат Фулам и Њукасл.

Потенцијална премиерлигашка пресметка би можела да биде и Вест хем/Бристол сити – Нотингем форест/Блекпул, доколку премиерлигашите успеат да слават во повторените натпревари.

Ливерпул на „Енфилд“ ќе ги пречека Норич или Бристол сити, а доколку успешно си ја одработи работата на гостувањето кај Виган, во четвртото коло ќе гостува и Манчестер јунајтед – подобриот од реваншот меѓу Њупорт Каунти и Истли.

Клубот кој „го донесе фудбалот во Холивуд и Холивуд на терените од пониската лига во Англија“ Рексам ќе игра на гости против Блекбурн. Сензацијата од шестата лига Мејдстон ќе гостува кај Ипсвич.

Еве ги сите двојки од четвртото коло:

Ватфорд – Саутемптон
Блекбурн роверс – Рексам
Бурнмаут – Свонси
Вест Бромвич Албион – Брентфорд/Вулверхемптон
Вест хем/Бристол сити – Нотингем форест/Блекпул
Лестер – Хал/Бирмингем
Челси – Астон Вила
Ипсвич – Мејдстон
Ливерпул – Норич/Бристол роверс
Тотенхем – Манчестер сити
Лидс – Плимут
Кристал палас/Евертон – Лутон/Болтон вондерерс
Каунти њупорт/Истли – Виган/Манчестер јунајтед
Шефилд јунајтед – Брајтон
Фулам – Њукасл
Шефилд венсдеј – Ковентри

Натпреварите од четвртото коло ќе се одиграат за време на викендот кој почнува на 27 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот