Ториевците почнаа битка за наследник на Борис Џонсон

Лиз Трас, Борис Џонсон и Риши Сунак/ EPA-EFE

Главните кандидати Лиз Трас и Риши Сунак веќе интензивно работат на своите кампањи за наследник на партискиот лидер, од кој се очекува дека в година ќе замине од челните позиции во владата и во Конзервативната партија

Министерската за надворешни работи на Обединетото Кралство, Лиз Трас и министерот за финансии, Риши Сунак се издвојуваат како главните фаворити да го наследат Борис Џонсон на лидерската позиција во Конзервативната партија, а и на премиерската функција.

Трас, според партиски истражувања, има поддршка од 23 отсто од членството, а Сунак има 20 отсто поддршка кај сопартијците. Во август, за споредба, рејтингот на Трас бил 12 отсто, а на Сунак 31 отсто. Далеку назад на третото место е министерката за трговија, Пени Мордаунт со 8 отсто поддршка кај сопартијците.

Џонсон забрзано ја губи поддршката од сопартијците поради неговите и испадите на министри од неговиот кабинет, особено пради организираните забави и седенки без маски во време кога владата наложи строги превентивни мерки за граѓаните.

И Трас и Сунак веќе интензивно работат на своите кампањи за наследник на Џонсон за кого се очекува идното лето да си замине од челните позиции во владата и во Конзервативната партија. Тие се речиси израмнети кога станува збор за стручните квалификации, а водењето на дипломатијата и на финансиите им дава низа прилики за да се експонираат пред јавноста.

Министерката Трас беше домаќин на неколку приватни состаноци со сопартијците, а нејзините поддржувачи веќе формираа специјална група „Лиз за лидер“ на социјални мрежи. Сунак кампањата ја почна со интерни разговори со сопартијците, што се толкува како „доволен знак“ дека ја почнал трката за лидер на ториевците.

И покрај скромното политичко искуство, Сунак веќе остави силен белег – само неколку недели откако стана министер бараше итна финансиска помош за голем број компании, работници и приматели на социјална помош што беа погодени од пандемијата. Тој потег му овозможи на Сунак „преку ноќ“ да стане еден од омилените политичари во Обединетото Кралство. Оценките за неговата работа ги надминаа тие за премиерот, а сопартијците го поздравуваат неговиот остар став за ограничувањата во време на пандемијата. Но, неговата согласност за зголемување на даноците за да се зголеми здравствената потрошувачка и финансирање на кревкиот систем на социјална помош, наиде на отпор меѓу конзервативците.

– Мора да биде одговорен за своите одлуки. Мислам дека не може туку така да продолжи со својот пристап. Сепак, мислам дека може да се извлече поради пандемијата на коронавирусот кога моравме да ја поттикнеме јавната потрошувачка. Добар дел од сопартијците во Сунак гледаат сигурен избор – вели Хенри Хил, заменик уредник на интернет страницата Дом на конзервативците.

Лиз Трас, за разлика од Сунак, е меѓу најискусните министри во кабинетот на Џонсон. Таа од 2014 година е дел од владата, работеше и со претходните премиери Дејвид Камерон и Тереза Меј. Нејзините мандати во министерството за правда, за животна околина и за трговија наидоа на критики, но по преземањето на министерството за надворешни работи ѝ се зголеми рејтингот меѓу сопартијците. Трас во 2021 година е најдобро оценета министерка во владата на Џонсон.

Ториевците ги предупредија кандидатите за наследник на Џонсон дека ќе им се намалат шансите доколку остро не се спротивстават на строгите мерки за скротување на пандемијата на коронавирусот во Обединетото Кралство.

Конзервативците може да покренат гласање за недоверба на лидерот доколку 15 отсто од нив го побараат тоа и потоа со просто мнозинство гласови Џонсон може да биде сменет.  Пријавените кандидати се елиминираат преку неколку круга гласање, сѐ додека не останат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот