Томи Ли обвинет за сексуална злоупотреба: Насилно ја допирал и се обидел да ја принуди на орален секс

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Музичарот и поранешен сопруг на Памела Андерсон, Томи Ли, пред два дена беше обвинет за сексуална злоупотреба што се случила пред 20 години.

Неидентификувана жена поднела тужба против тапанарот на „Мотли кру“ (Mötley Crüe).

Како што таа тврди, Ли пред две децении „насилно ја допирал, ја бакнал и се обидел да ја принуди на орален секс“. Немилиот инцидент се случил, според тужбата, за време на 40-минутен лет, кој започнал кога Томи Ли и пилотот почнале да консумираат алкохол и кокаин.

– Во еден миг пилотот ме повика во кабината во која Томи Ли веќе беше со спуштени панталони. Се обидуваше да ме натера на орален секс и јас плачев. Немав каде да одам – ​​рекла жената која го тужи 61-годишниот музичар за сексуално насилство и душевна болка.

Томи Ли сѐ уште не ги коментирал наводите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот