Тодоров: Заев направи катастрофална грешка со оставката, од оваа позиција нема назад

Никола Тодоров. / Фото: Архива на Слободен печат

Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и министер за здравство и образование во владите на Никола Груевски, Никола Тодоров, оцени дека премиерот Зоран Заев многу згрешил кога вчеравечер пред целата јавност соопшти дека поднесува оставка.

„Човекот застана пред говорница и оставката ја даде пред цела јавност. Еве се зборува дека било позитивно прифатено и има морален чин, но како тоа ќе изгледа еден ден покасно ако тој излезе и рече јас се шалев, нема тоа да го сторам? Тоа по мене ќе биде катастрофа и за него лично и за СДСМ и мислам дека од ова назад тешко, рече Тодоров во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телевизија Телма.

„Особено назад тешко од премиерската функција.Јас неговата изјава кога ја поврза победата на Шилегов со оставката ја разбрав дека тој ќе се повлече целосно и тоа е катастрофална грешка.Тој со овој потег ги обедини сите кои не го сакаат да излезат и да гласаат против него.Од оваа позиција повлекување нема,“ додаде Тодоров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот