Тито Петковски за кампањата на ДУИ: Се надевам дека мислат на Фатмир Битиќи

тито петковски
Тито Петковски / Утрински брифинг

Кампањата која ја почна владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) под слоганот „Да! Тој доаѓа“, наиде на различни толкувања и оцени во јавноста, а за неа свој коментар даде и долгогодишниот политичар и поранешен собраниски спикер, Тито Петковски.

Едно од првите толкувања беше дека се работи за она што го најавуваат повеќемина високи функционери деновиве – дека Македонија е подготвена за прв премиер-Албанец.

„Читам: „Да!Тој доаѓа” е новиот слоган на ДУИ со кој се најавува првиот премиер Албанец. Се надевам дека мислат на Фатмир Битиќи, заменик на премиерот за економски прашања. Покомпетентен, постручен, поспособен и по одговорен член на Владата во овој момент не постои. Освен тоа, Албанец е по етничка припадност. Токму онаков каков што бара ДУИ!“, напиша Петковски на Фејсбук.

Бујар Османи пред неколку дена најави дека Албанец ќе биде премиер „во следните месеци“, со што индиректно потсети на наводниот договор со СДСМ од времето на поранешниот премиер Зоран Заев, а тоа подоцна го потврди и Артан Груби.

Во интервју за косовската телевизија „Дукаѓини“, Груби рече дека договорот што бил постигнат меѓу лидерот Али Ахмети и поранешниот премиер Заев предвидува во последните 100 дена од мандатот на Владата, функцијата да ја извршува Албанец.

Груби рече дека нема амбиции да го замени актуелниот премиер Димитар Ковачевски, туку дека изборот ќе го направи лидерот Али Ахмети.

ДУИ почна нова кампања за мистериозна личност, слоганот „тој доаѓа“ е најава за првиот премиер Албанец?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот