Тинејџерско злосторство ја потресе Германија: 17-годишен Хрват убил девојка од користољубие

Фото: Илустрација/EPA

Германската јавност е шокирана од страотно злосторство меѓу тинејџери, кое се случило во гратчето Реклингхаузен, недалеку од Бохум.

Ученици од основно училиште вчераутро пронашле тело на девојка на школското игралиште. Полицијата утврдила дека се работи за 19-годишна девојка, а истрагата набрзо ги одвела полицајците до 17-годишно момче, хрватски државјанин.

Според истражителите, тинејџерот ја убил девојката од користољубие. Осомничениот убиец е во притвор.

Обвинителите велат дека тој ја задавил девојката на игралиштето, како и дека тие се познавале. „Билд“ објави дека во обвинението, кое сѐ уште не е покренато, ќе пишува дека момчето ја убило две години постарата девојка „поради алчност“.

Обвинителката Свена Гросе-Кројл официјално одби да ги коментира наводите за позадината на делото и изјави дека истрагата е сѐ уште на почеток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот