ТИМЕРМАНС СО „ЉУБОВНО ПИСМО“ ДО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Секогаш ќе бидете добредојдени да се вратите во ЕУ

Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс и напиша „љубовно писмо” на Велика Британија, изразувајќи ја својата „длабока болка” поради Брегзит и заклучи: „Секогаш ќе бидете добредојдени да се вратите”.

– Уште од кога одев во британско училиште, ти секогаш беше дел од мене. Сега заминуваш и тоа ми го крши срцето, напиша Тимерманс во писмото објавено во „Гардијан”.

– Неодамна прочитав прекрасна книга со љубовни писма до Европа. И тоа ме натера да размислувам за љубовта кон Велика Британија, пишува извршниот потпретседател на Европската комисија.

Тимерманс, кој е државјанин на Холандија, во писмото се потсетува на времето поминато во Британското меѓународно училиште Сент Џорџ во Рим, и наведе дека „за време на неговиот живот Велика Британија секогаш била тука, како дел од него”.

Тој вели и дека Велика Британија мисли оти е „единствена и различна”, но дека тоа „можеби е помалку од што се мисли”. Тој додава: „Сега те познавам. И те сакам. Поради тоа што си и она што ми го даде. Јас сум како стар љубовник”.

– Да бидам искрен, почувствував длабока болка кога решивте да заминете. Три години подоцна, јас сум само тажен што еден член на нашето семејство сака да ги прекине напите врски, пишува Тимерманс.

Тимерманс сепак заклучува дека наоѓа утеха во мислата дека семејните врски никогаш не можат да се прекинат. „Ние не одиме никаде и секогаш ќе бидете добредојдени да се вратите”, додава.

Велика Британија треба да ја напушти Европската унија на 31 јануари 2020 година.

На 20 декември, британските пратениците го одобрија договорот за Брегзит на премиерот Борис Џонсон, само осум дена откако неговата Конзервативна партија освои мнозинство на парламентарните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот