Тим од Оксфорд најавува вакцина за Ковид-19 во септември

Фото: Профимедиа

И покрај тврдењата дека вакцина против коронавирусот нема да биде достапна барем во наредните 12 до 18 месеци, тим научници од Оксфорд тврдат дека се може да биде готово и многу побрзо.

– Можеби уште во септември, барем така тврди професорката по имунологија Сара Гилберт.

Таа за „Тајмс” изјави дека е осумдесет проценти убедена дека вакцината што ја развил нејзиниот тим ќе биде ефикасна. Со тестирање врз луѓе би можело да се почне во наредните две недели.

Владата на Велика Британија е подготвена, доколку тестот е успешен, да го финансира производството на првите милиони дози, така што вакцината би била веднаш достапна за јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот