Тежок удар за францускиот фудбал, лигата остана без договорот вреден 830 милиони евра по сезона

epa07521003 Paris Saint Germain's Neymar (R) in action during the French Ligue 1 soccer match between Paris Saint-Germain (PSG) and AS Monaco at the Parc des Princes stadium in Paris, France, 21 April 2019. EPA-EFE/Julien de Rosa

Носителот на ТВ правата за француската Лига 1, компанијата „Медиапро“ поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот не беше во можност да ги исполнува обврските од договорот поради што е прекинат.

Француските Лига 1 и Лига 2 и екипите кои се натпреваруваат во двете лиги со соочуваат со големи финансиски проблеми бидејќи останаа без главниот спонзор, носителот на ТВ правата „Медиапро“, пренесуваат француските медиуми.

Оваа шпанско-кинеска компанија, односно нејзината ќерка фирма „Telefoot“ пред четири месеци потпиша договор со фудбалската федерација на Франција за ексклузивните ТВ права за Лига 1 и Лига 2 во рок од четири години, вреден 830 милиони евра годишно.

Според договорот, носителот на ТВ правата требаше до крајот на оваа година да уплати три рати, но досега е исплатена само една.
Француската лига (ЛФП) откако доби потврда дека „Медиапро“ има финансиски проблеми и нема начин како да ги исплати парите, го раскина договорот, но притоа поднесе пријава во францускиот суд поради прекршување на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот