Тешко повредена Скопјанка, во неа удрил електричен тротинет

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д. констатирани во ПЗУ “Систина“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје./ Фото: Принтскрин

Според информациите на полицијата, несреќата се случила на 24 овој месец на улица Љубљанска, а жената вчера го пријавила случајот во полиција.

Жена (47) од Скопје претрпела сериозни повреди откако во неа удрил електричен тротнет, а инцидентот се случил во Општина Карпош, информираат од МВР.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила на 24 овој месец на улица Љубљанска, а жената вчера го пријавила случајот во полиција.

„Вчера во СВР Скопје М.К.(47) од Скопје пријавила дека на 24.12. во 20:15 часот на улица Љубљанска била удрена од едно лице кое управувало електричен тротинет. Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди и во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ ѝ била укажана лекарска помош“, соопшти полицијата.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот